Стоилковски и Забрчанец се скараа за писмото на Боки 13

by fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и националниот координатор за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец денеска излегоа со обвинувања и контраобвинувања по писмото на осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 кој претходно беше сопственик на телевизијата 1 ТВ.

-Вчера Бојан Јовановски директно го именува Марјан Забрчанец дека тој ги пишувал текстовите и испраќал содржина за вестите на 1ТВ, телевизија на Бојан Јовановски, со тоа што дневно испраќал, го цитирам писмото на Бојан Јовановски – „по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер.

Бојан Јовановски да потсетам беше сопственик на телевизија на чие што крунисување присуствуваше цела влада, обвинителство, судство, со еден збор – цело СДСМ. И Јовановски вчера директно посочи дека всушност, содржината на вестите во таа телевизија биле пишувани и уредувани од Владата, обвини Стоилковски.

Забрчанец во реакција на прес-конференцијата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ги отфрла како целосно неточни, лажни и манипулативни наводите изнесени на прес-конференцијата.

– Како одговорен за комуникации и односи со јавноста во Владата имам обврска да бидам во дневен контакт со новинари, медиумски работници, уредници и одговорни лица во медиумите. Тоа е суштината на професијата односи со јавноста, наведува Забрчанец во реакцијата објавена на неговиот фејсбук-профил.

Забрчанец потенцира дека со Бојан Јовановски комуницирал исклучиво службено и професионално, информирајќи го за активностите на Владата и „одговарајќи на барањата на медиумот што го раководеше за интервјуа со премиерот Заев и со други претставници на Владата“.

– Жално е што ВМРО-ДПМНЕ станува мегафон на Боки 13 и што не направиле ниту една промена кај себе кога е во прашање односот кон медиумите. Политиката на режимско угнетување на новинарите и медиумските работници заврши на 1 јуни 2017 година, со изборот на тогашната нова Влада, потенцира Забрчанец.

Поврзани новости