Ти ја разбирам паниката, ама не ти ги оправдувам мотивите, му вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, во најновата реакција во серијата на нивните меѓусебни прозивки.
„Зборуваш за се друго само не за торбите пари и тоа е чисто штитење на криминал. Твојот идол, крими Заев, има мотив и тој е јасен, човекот од петни жили се труди да не се дознае адресата каде завршува таа торба со пари. Ама ти имаш уште еден и тој очигледно е личен, па затоа ајде одговори – од што точно се плашиш за вака да конструираш? Каква е твојата блискост со Боки Тредичи и зошто беше член на неговата невладина? Што точно крие телефонот на Боки?“, напиша Костадинов на фејсбук.
Претходно, Костадинов, испровоциран од пресот на Стоилковски, порача дека нема да дозволи никој да го исплаши.