Локализиран е пожарот од страна на Пинтија, се работи на гаснење кон Усје

by Фокус

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, но останува да се третира делот над населбата Усје, каде противпожарни екипи се на терен и работат на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија, при што зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, кои направија два прелети и фрлија вода кон Сопиште.

Поврзани новости