Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес конференција обвини дека МВР му издала дозвола за оружје на лице кое е на листата „Безбеден град“, односно листа на лица кои МВР ги следи бидејќи се поврзани со криминал.
-Дали во МВР е регистрирано оружје, пиштол Глок, калибар 9 милиметри, на лице со одобрение за оружје, Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година? Дали Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година, е во првите пет на листата „Безбеден град“ за следење, листа на топ 50 поврзани со тежок криминал?
А, зошто МВР, молчи за ова?
Комисијата за дозволите, одобренијата за оружје е составена од Оливер Спасовски, а водена од неговиот пулен Музафер Каришиќ. Скандалот е уште поголем со тоа што токму Каришиќ е творец на планот „Безбеден град“!Творецот на овој план и список дава дозвола за оружје на лице во врвот на овој план и список!, рече Стоилковски.