Стоилковски: Антикорупциска констатира незаконско работење во случајот со Шилегов

by Fokus

Петре Шилегов има договор за хонорарни советодавни, консултантски услуги со Петре Шилегов и за тоа си наплаќа 50 илјади денари месечно или околу 10 илјади евра на годишно ниво. И тоа со години, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Дека овој т.н. договор е судир на интереси како влез во корупција и криминал, го констатира и државната антикорупциска и му наредува на Петре Шилегов да го раскине договорот сам со себе!

Едноставно, почитувани, постои документ во државната антикорупциска комисија со кој што се КОНСТАТИРА судир на интереси за односите на Петре со Шилегов. Значи по неколку години консултации сам со себе, на Шилегов не му проработува чесноста, туку е фатен во судир на интереси.

Ова е документот од антикорупциска со датум од 1 декември 2020 година, одлука по предмет од 22 мај, за судир на интереси во односот на Петре со Шилегов. Ова е јавно достапен документ на интернет страницата на ДКСК, Одлука број: 09-2034/9 од 01.12.2020 година.

Ова фактички е повторување на делото од Шилегов, бидејќи во 2015-тата година, за соработка со својата компанија е констатиран судир на интереси од ДКСК, за сега тој повторно да работи со договор сам со себе како градоначалник од 2017-тата година.

Одлична консултација сам со себе – повтори го делото – за хонорар од 50.000 денари месечно. Адвокатот Петре Шилегов е познат по својата работа на стопанското право.

Судирот на интереси е основа, стартна позиција за корупција и криминал, и тој тоа го знае.

Петре Шилегов, градоначалникот треба сам да одговори, што е резултат на овој судир на интереси и дали и колку тоа го чини Градот Скопје?

Шилегов мора да одговори веднаш за што се делени тие 10.000 евра годишно?

Колку тие за 50.000 денари месечно за Шилегов до Шилегов се поврзани со работењето на Град Скопје но и со раководењето со ЗЕЛС и поврзаноста со другите општини во Македонија?“, прашува тој.

Поврзани новости