Стоилковиќ ќе ја тужи Македонија дека УБК го прислушувала него и српскиот разузнавач

by fokus

Откако беше објавена сторијата за врските меѓу македонскиот пратеник  Иван Стоилковиќ и српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, а вечерва и извештај од УБК кој тоа го потврдува, Стоиљковиќ најави дека ќе ги тужи македонските служби, бидејќи го прислушувале заедно со српскиот разузнавач и српскиот новинар Мирослав Лазански.

Со ова, на некој начин, пратеникот ја признава веродостојноста на разговорите објавени во извештајот, за кој српската мрежа за истражување криминал и корупција КРИК тврди дека е извештај на УБК.

Стоилковиќ во изјава за српското издание на руската агенција „Спутник“ вели дека како член на собраниската Комисија за одбрана и безбедност има безбедносен сертификат и не може да постои образложение од Судот со кое би била издадена наредба за да биде ставен под посебни истражни мерки.

-Ако прислушувате пратеник и го ставите на таканаречени ПИМ мерки, морате да имате одлука на судот, а за да добиете одлука на судот, мора да дадете образложение. Не знам и не сум свесен какво образложение би можело да биде за јас да бидам прислушуван кога имам безбедносен сертификат, вели Стоилковиќ.

Во извештајот кој го објави Крик, има заклучок во кој се вели дека српскиот разузнавач Живаљевиќ ги контролира и насочува активностите на пратеникот Стоилковиќ, а преку него, посредно се обидува да влијае и врз политичката ситуација во Македонија.

 

Поврзани новости