Актерот Стивен Сигал денеска во Москва изјави дека снимањето на документарниот филм за настаните во Донбас се одвива многу бавно.
„Многу бавно“, рече Сигал, одговарајќи на прашање за време на прес-конференцијата во чест на церемонијата на отворање на серускиот центар за аикидо тајфун, пренесува РИА Новости.
Претходно, вршителот на должноста шеф на самопрогласената ДНР, Денис Пушилин, на својот канал Телеграм објави дека Сигал снима документарен филм за војната во Донбас.
Сегал изјави дека би можел да почне да работи на нови проекти по завршувањето на специјалната воена операција во Украина.
Тој им рече на новинарите дека најубавото нешто во Русија е нејзиниот народ.
„Ништо не ме изненадува во Русија, а најубавото нешто се луѓето“, изјави Сигал, пренесува Танјуг.
Во ноември 2016 година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за доделување руско државјанство на Сигал.
Во август 2018 година, Сигал стана специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи меѓу Москва и Вашингтон.
Неодамна Путин го одликуваше актерот со Орден за пријателство.