Тој бил задолжен за грижата и негата на пејачката, и со свои совети за здрав начин на живот, специјални вежби во теретана и шминка и фризура, успеал од неа за кратко време од девјка од соседството да направи вамп жена.
,,Многу ми е драго што Алек Палада, кој е познат во јавноста како стилистот на поранешниот градоначалник Марјан Ристески ме зеде во свои раце и се погрижи за мојот нов имиџ. Со неговите совети за здрав живот, физички вежби за обликување на телото, новата фризура и шминка, но и комплетно нов гардеробер, јас се претворив во нова личност. Комплименти доаѓаат од сите страни, луѓето не можат да ме препознаат, и сега ми е јасно зошто и Ристески го ангажирал токму него. Еден од врвните професионалци е кај нас, па топло го препорачувам не само на моите колеги од фолк естрадата, туку и на политичарите, кои сакаат да се појават со нов имиџ, и да ги истакнат и доведат до совршенство сите свои атрибути’’ – раскажува Сања.
Таа се појави на фолк сцената пред десеттина години и веќе има голем број на турнеји во Австралија, кај нашите иселеници, како и настапи низ земјава. Вели дека со новиот изглед добила многу понуди за гостувања и се уште не може да одлучи каде ќе настапува за Новогодишните празници.
Инаку, стилистот Алек Палада е познат по својата соработка со многу наши, но и музички ѕвезди од регионот. Пред три години, тогашниот прилепски градоначалник Марјан Ристески ни раскажа дека токму Палада е задолжен за неговиот изглед, односно е негов личен советник за убавина, во чии раце ги доверил фризурата и изгледот.
Веста предизвика лавина од реакции, бидејќи ретко кој политичар од земјава има, или пак признал дека има свој стилист, што не е случај со политичарите од светот. Не е познато дали и сега, по завршувањето на мандатот, Ристески се уште се средува кај Палада.