Се распишувале тендери со апсурдни цени од 0,01 денар

by Fokus

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јануари – јуни 2017 година.

Клучни наоди од мониторингот на јавни набавки се:

  • Во дури 35% од мониторираните тендери има отфрлање на дел од понудите бидејќи се оценети како неприфатливи. Ова дополнително ја влошува конкуренцијата на тендерите.
  • Во дел од тендерите, за време на електронската ауција се постигнуваат толку ниски цени што се доведува во прашање реалноста на проценетата вредност на тендерите, како и квалитетот на набавките.
  • ’Најниската цена‘ како единствен критериум за избор води кон тендери со апсурдни цени од 0,01 денар и 0,01 процент. Оваа пазарна нелогичност го зголемува ризикот од можни манипулации во реализацијата на тендерот.
  • Во првото полугодие од 2017 година до Советот за јавни набавки беа доставени 7.583 барања од договорните органи, односно само 9% помалку од истиот период претходната година. За дадените мислења, Советот им фактурирал на договорните органи вкупен износ од 806.172 евра.
  • Во првото полугодие од 2017 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,4 милиони евра, што е за 12% повеќе од истиот период лани.
  • Во пораст е поништувањето на тендерите. Во првото полугодие од 2017 година поништени се 2.033 тендери (целосно или нивен дел), што е удел од 23,7% од вкупно објавените огласи во истиот период.
  • Во првото полугодие од 2017 година изречени се 19 негативни референци за 17 фирми.

Поврзани новости