450
Резултатот од брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници е негативен, соопшти Министерството за здравство.
Од таму посочуваат дека има доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог.
Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки.