Масовниот убиец од Цетиње се лекувал во психијатриска установа, објави Телеграф

by Фокус 21:05
21:05

Семејството кое живеело како потстанари со Вук Бориловиќ, човекот кој денеска уби најмалку 10 лица, наводно доцнело со плаќање на киријата.

Повикувајќи се на извор близок до семејството, Телеграф пишува дека семејната расправија настанала по наводно доцнење со плаќањето на киријата.

Според изворот на Телеграф, Бориловиќ извршил притисок врз жената која била потстанар, а таа потоа му се пожалила на сопругот, кој бил на пат.

Сопругот повикал пријател кој отишол кај Бориловиќ и оттука започнала расправијата. Потоа Бориловиќ прво го убил пријателот на семејството кое живеело со него, а потоа и останатите.

Според засега непотврдени информации, кои исто така ги објави Телеграф, Бориловиќ наводно се лекувал во психијатриска установа од која неодамна бил пуштен.

 

Поврзани новости