Стигна нова група од 44 Авганистанци (Видео)

by fokus

На Меѓународниот Аеродром во Скопје пристигна втората група Авганистанци. Станува збор за група од 44 лица. Меѓу нив има жени, деца, и мажи. На аеродром ги чека автобус кој ќе ги донесе до сместувачките капацитети.

Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие допатуваа на 31 август и во најголем дел се работи за луѓе што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

Тие привремено ќе бидат сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до крајната дестинација, а трошоците за нивниот престој во целост ќе бидат покриени од меѓународните организации.

Откако слетаа, тие ќе добијат поддршка од Црвениот крст, ќе се направи безбедноста проверка, ќе се тестираат со ПЦР тест за ковид-19 и ќе добијат можност да се вакцинираат.

Меѓународната организација чиј членови се Авганистанците кои попладнево пристигнаа во Скопје, е основана во 2006 година од Принцот Чарлс. Станува збор за организација со хумана мисија која изминатите години во Авганистан реставрираше 150 историски објекти, третираше околу 165 000 пациенти во клиниката во Кабул, поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар и други активности.

Ова e втора група Авганистанци што доаѓаат во Северна Македонија откако во нивната земја власта ја презедоа талибанците. Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие пристигнаа на 31 август и во најголем дел станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

 

Поврзани новости