Стево Крстевски нов директор на ФЗО, Стојанче Ангелов на ЦУК

by Фокус

Во рамки на најновите кадровски одлуки на Владата, Миле Сугарев e разрешен од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување, а за нов в.д. директор да се именува Стево Крстевски, кој доаѓа од општинскиот комитет на СДСМ во Велес.

Според владиното соопштение, прифатена е оставката на Аднан Џафероски од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а на негово место доаѓа Беким Максути, поранешен заменик министер за одбрана од ДУИ.

Исто така, Владата информира дека ја прифати оставката на Агрон Буџаку и го разреши од должноста директор на Центарот за управување со кризи, и на негово место го именува лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, досегашен национален координатор за воени и полициски ветерани.

 

Поврзани новости