Стевковски: Од јануари почнува со своја програма националниот Џез оркестар, во завршна фаза се подготовките

by Fokus

„Кога дојде ковидот и сфативме дека не се знае исходот, поднесовме иницијатива за формирање национална установа, за по две години ние како оркестар да добиеме решение за национална установа. Сега сме во заврша фаза, имаме уште чекор-два за комплетно да биде завршена приказната за национална установа и од јануари почнуваме со програма“ рече директорот на националната установа Џез оркестар, Гоце Стевковски во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека џез оркестарот започна со свирење во 2016 година, по што имаше настапи во Загреб, Тирана, но одржа и неколку концерти во Скопје.

„Во суштина публиката сама го препозна квалитетот на нашиот оркестар и генерално до ковидот одеше добро. Имаме настапувано и на Охридско лето два пати. Имаме доста работи направено и публиката го препознава тоа“ рече Стевковски.

Тој додаде идејата е програмата на Џез оркестарот да се претставува и во другите градови низ Македонија.

„Има добар Центар за култура во Штип, во Велес има нов театар кој е убав, во Струмица, Битола, Охрид…Насекаде има сали со бина и мисла мдека е добра идејата и луѓето од другите градови во Македонија да уживаат во изведбата“ рече Стевковски.

Поврзани новости