Стевчо Јакимовски ослободен од куќен притвор

by fokus

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе од куќен притвор. Судија на претходна постапка минатата недела му ја укина на Јакимовски мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост, по предлог на надлежен јавен обвинител кој побарал ублажување на мерката.

„Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот.

Судот му одреди мерка куќен притвор на Јакимовски во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата Илинденска.

M.В.

Поврзани новости