Заев и Шекеринска се сидрото кое не влече надолу, вели Јанушев

by fokus

Оваа криминално-рекетарска банда на власт е најлошото нешто што и се случило на Македонија. Но, ако се погледне добро двоецот кој управува со власта, тандемот Заев-Шеќеринска, не може да биде поинаку затоа што тие се дел од сите неуспеси на Македонија изминативе над дваесет години, современици на најцрните времиња во оваа држава, смета Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа криминално-рекетарска банда на власт е најлошото нешто што и се случило на Македонија.Но, ако се погледне добро…

Publiée par Igor Janushev sur Lundi 16 septembre 2019

„Шеќеринска е во политика уште од времето на ТАТ, пропаста на Славија, Центро, Железара … од времето на приватизацијата.

А, Заев уште од времето на “бонбона бизнисот” на Шеќеринска, бркањето од работа на луѓето во ЕСМ, на територијалната поделба.

Значи деца се родиле, завршиле средно, факултет, а Заев и Шеќеринска уште водат политика.
Ова се луѓе кои се прегазени од времето.
Не може 28 години надеж да се оние кои никогаш не направиле чекор напред.
Тие се сидрото кои не влече надоле.
Тие се симболот на се што е лошо во политиката.

Мегданот на кој треба да се расчисти со овие мешатари и печалбари од туѓата несреќа се предвремените избори, а колку се сеќавам Заев никогаш, дури и кога беше опозиција не бараше предвремени избори, бегаше, се спасуваше, смислуваше Пржински договори … правеше се, само за да го одбегне народот.

Но, овој пат нема да биде така.
Овој пат народот доаѓа по своето и ќе ги испрати во пензија овие луѓе прегазени од времето, додаде Јанушев.

Поврзани новости