Стевановиќ: За разлика од порано, сега имаме пациенти без сериозни симптоми

by Фокус

Директорката на клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ, во Топ Тема на Телма изјави дека во моментов на Клиниката нема ниту еден пациент приклучен на респираторна машина.

-Претежно доаѓаа пациенти со тешка клиничка, препратени од други одделенија или донесени со Брза помош. Сега имаме пациенти кои немаат сериозни симптоми и кои не треба да бидат хоспитализирани и тоа е добро. Значи луѓето почнаа да ја сфаќаат сериозно ситуацијата – вели Стевановиќ, која е член иа на Комисијата за заразни болести.

Таа порачува дека бројот на заболени од Ковид 19 ќе остане ист ако не се почитуваат препораките и нема санкции за нивното непочитување.

-Засега не се исполнети комплетно капацитетите на Инфективната клиника, уште има неисполнети капацитети во ГОБ „8 Септември“, каде многу сериозно и посветено работат, како и колегите на инфективните клиники низ државава, што значи сериозна помош да не се концентрираат болните на едно место, а да се остави простор за потешките болни каде можеби поголемите или пософистицирани услови на Клиниката може нив да им се обезбедат -посочи д-р Стевановиќ.

Моментално, на Клиникатата се хоспитализирани 75 пациенти, од кои 25  имаат потреба од интензивна терапија со кислород, пред се поради промените на нивните бели дробови и воспаленијата.

Поврзани новости