Закупците со истечени договори мора да ги вратат плажите во првобитна состојба

by Фокус

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои беа предмет на закуп.

„Со дополнувањето на Уредбата се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат“, соопштија од владата.

Инаку, договорите за закуп на плажите на охридското крајбрежје, кои ги обврзуваа концесионерите да плаќаат надомест за користење на општините, во најголем дел се истечени во 2014, 2016 година и во 2017 година.

Поврзани новости