Во април навршуваат три години од Шарената револуција, но на 9-ти февруари навршија и три години од почетокот на емитувањето на „бомбите“. Режисерката Ирена Стеријовска, која неодамна искажа разочарување на социјалните мрежи и им порача на пратенците дека „од идеалисти, луѓе подготвени да прават чуда, направивте летаргични циници“.
-Тоа е една цела серија на случувања. Секој потег на Владата, на луѓето на позиција, е форма на комуникација со граѓаните. Од сѐ што се случува некако не чувствувам дека во целост принципите и идеалите на Шарената револуција, не мора да се достигнат, но стремежот за тоа како треба да се функционира јас не го чувствувам, не го гледам, иако има во многу сегменти подобрување од тој режим. Да немаше, ништо немаше да има поента, но пет години се обидувавме да ги освестиме граѓаните дека треба да бидат политички активни, ангажирани и свесни – вели Стријовска.
Според неа, ние имаме системски проблеми во голем број и клучни сегменти од општествениот живот и дури и да речеме дека сме биле наивни и сме мислеле дека тие работи може да се решат брзо, сепак мора да постои одредена тенденција која знаеме дека ќе не однесе кон подобро место од ова на коешто сме сега.