Конески: Ако Силјановска загуби на изборите, Мицкоски треба да си поднесе оставка

by Фокус

Поранешниот градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, и посака успех на Грдана Силјановска – Давкова на претседателските избори како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но доколку загуби, порачува тој, партискиот лидер Христијан Мицкоски треба да поднесе оставка.

– Од срце посакувам да победиме, но за да се случи тоа, потребно е обединување. За жал, многу квалитетни и искусни луѓе во моментов се тргнати на страна од партијата, а можат и сигурен сум дека сакаат да му помогнат на ВМРО-ДПМНЕ. Независно од обидите да се релативизираат резултатите од претседателските избори, за евентуалниот неуспех, одговорност мора да има – вели Коневски, потсетуваjќи дека Никола Груевски поднел оставка од лидерската позиција по поразот на локалните избори.

Коневски важи за близок до поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и до ексминистерот за здравство Никола Тодоров, кои беа исклучени од партиските органи откако актуелното партиско раководство ги обвини дека влијаеле врз дел од пратениците да ги поддржат уставните измени согласно Преспанскиот договор со Грција.

Поврзани новости