587
Решението на спорот за името позитивно ќе се одрази во двете држави и ќе ги зацврсти регионалната безбедност, просперитет и заедничката европска иднина, изјавија од Стејт департментот за Атинската новинска агенција во Вашингтон.
Околу прашањето како евентуалното неотпочнување на преговорите за влез на Македонија во Европската унија ќе се одрази врз референдумот и имплементирање на договорот за името, од Стејт департментот велат:
„САД го поздравуваат историскиот договор за решение на спорот за името. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во постигнување заедничко прифатливо решение“.