Исламската верска заедница наплаќа по 400 евра за визи за Саудиска Арабија кои инаку се бесплатни, стои во годинешниот извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот.
Според Стејт департментот извори од македонската Влада и од муслиманската заедница во Македонија изјавиле дека ИВЗ се офајдила од улогата на посредник за саудиските визи кои им се потребни на верниците за да одат на аџилак во Мека. Таа повластена улога ИВЗ наводно ја добила директно од власта, вели Стејт департментот.
“Овие лица понатаму изјавија дека ова право и овозможило на ИВЗ да наплаќа непропорционална такса од 400 евра за да ги валидира апликациите за виза кои инаку се бесплатни од Саудиска Арабија, за земање учество во аџилак“, се вели во меѓународниот извештај за верските слободи на американскиот Стејт департмент, за Македонија.