Тодоров: „Екстра меин“ е главниот извор на заразување од листерија

by Фокус

По сите направени испитувања главниот извор на заразата од листерија е кумановската компанија „Екстра меин“, изјави пред малку министерот за здравство Никола Тодоров на заедничката пресконференција со челните луѓе на сите надлежни институции.

Како што објасни министерот инспекторите во моментов вршат вонредни контроли во старечките домови и во градинките, а меѓу другото листерија било пронајдено и во производ пилешки гради од истата компанија. Направена била анкета и на фамилиите на починатите од листерија и оттаму било заклучено дека повеќето користеле производи од кумановската фирма.

Погонот на „Екстра меин“ останува затворен и сите нивни производи ќе бидат повлечени.

Поврзани новости