620
САД сметаат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој бара политички азил во Унгарија треба да си ја отслужи затворската казна во својата земја, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за „Политико.еу“.
– Во правен и транспарентен процес Никола Груевски беше осуден од македонскиот суд за злоупотреби на служената должност и осуден на две години затвор. Пресудата беше потврдена и од други судски инстанци. Дополнително, Груевски е обвинет во уште четири кривични предемети. Ние сметаме дека судските постапки во Македонија треба да продолжат, а Никола Груевски да одговара пред македонскиот правосуден систем, вели претставникот Стејт департментот.