Шестмината најбогати членови на владата вкупно тежат 35 милиони евра

by Фокус

Најбогат член нa владата е вицепремиерот Кочо Анѓушев, по кој следуваат премиерот Зоран Заев и министрите Крешник Бектеши, Хазби Лика, Никола Димитров и Асаф Адеми, чие вкупно богатство на имотните листови изнесува 35 милиони евра, изјави Жаклина Хаџи Зафировa од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, презентирајќи ја новата веб платформа ПЕП (politically exposed person), која ќе содржи податоци за имотот на функционерите.

-Ние се потпираме на официјални документи и изјави од државните институции, иако во моментов Комисијата за антикорупција не може да ни обезбеди информации од јавен карактер, затоа што се избрани нови членови. Сите знаеме дека вицепремиерот Анѓушев е најбогат, додека на второто место е Крешник Бектеши – изјави Хаџи Зафирова за 1ТВ.

Инаку, оваа платформа ќе претставува база на податоци за тоа што тие поседуваат, како и нивното поблиско семејство, дали се инволвирани во некакви бизниси, сопственички удели, дали се накаде акционери итн.

Поврзани новости