Стејт депармент: САД се надеваат на брзо решение за името

by fokus

САД продолжуваат со поддршка на тековните разговори под покровителство на ОН за решавање на проблемот со името на Македонија и го повикуваат македонското Собрание да се фокусира на потребните реформи, порача американскиот Стејт департмент.

Во изјава за МИА во пресрет на утрешната посета на грчкиот министер за надворешни работи на нашата земја, портпарол на Стејт департментот укажа дека САД се надеваат на брзо решeние на долготрајниот спор со името.

– Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе постигнат заеднички прифатливо решение во интерес на евроатлантските интеграции, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот, се вели во изјавата.

Изјавата од САД доаѓа во пресрет на закажаната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со посредникот на ОН Метју Нимиц, на 30 март во Виена. Средбата е уште еден обид за приближување на ставовите за изнаоѓање прифатливо решение за спорот со името.

Поврзани новости