Стефоска: Министерството за култура се соочува со проблеми, ќе има ревизија за „Скопје 2014“

by Fokus

Министерката за култура, Ирена Стефоска во интервју за МИА говореше за состојбата на нејзиното министерство и чекорите што истото ќе ги преземе во иднина и реформите.

Министерството за култура се соочува со структурни проблеми, кои се пречка за тоа да биде професионален сервис на културните работници и на граѓаните. За мене како министерка, и за мојот тим најважни се професионалноста, одговорноста и ефикасноста. За таа цел деновиве одржуваме интензивни средби со вработените во секторите на Министерството за култура, како и со директорите на националните установи за да ја констатираме фактичката состојба и потоа да пристапиме кон постепена реорганизазација која што очекуваме да ја поттикне мотивираноста на вработените и ефикасноста во извршување на обврските“, истакна Стефоска.

Поврзани новости