Сообраќаен неред во Скопје: Полицијата со еден куп работа

by Fokus

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, полицијата вчера изрече вкупно 210 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 11 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 81 прекршок, нерегистрирани и технички неисправни возила 7, 23 санкционирани мотоциклисти, 74 возила подигнати со пајак, а изречени се и 11 санкции за неносење на заштитна маска.

МВР соопшти дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости