На 13 ноември обвинетиот, Миле Јанакиески, се спремаше да бега. Ваквите околности дека подготвува бегство ги дознавме од органи надлежни за прибирање такви информации, рече обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, повикувајќи се на службената белешка од УБК на денешната јавна седница во Апелација.
Стефанова се обиде да ја докаже опасноста од бегство со тоа што таа била посочена како ризик од судот и при поднесување на обвинениетонза предметот Титаник.
-Тогаш Кривичниот совет утврди опасност од бегство но за да се избегне опасноста донесе решение да му се одреду мерка на претпазливост – рече таа. Наспорти тврдењата на одбраната, Стефанова рече дека решениото на Кривичниот совет за притвор е законито и издржано. -Обвинетиот Миле Јанакиески во своето долго излагање не негираше дека бил на разговор кај претседателот, но не кажа какви разговори воделе. Убедена сум дека постојат околности дека не можеме да го задржиме да побегне доколку не биде определена мерката протвор – рече Стефанова и го повика Апилациониот суд да ја потврди одлуката на Кривичниот совет.
На нејзиниот говор реагираше Јанакиски кој рече дека ниту планирал да бега и дека ниту ќе бега.
-Не е точно дека не сум кажал што било тема на разговорот. Кажав што разговаравме со претседателот а тоа беше кажано и со неговиот допис каде точно е опишана темата на разговор. Повторувам не треба дејствата на едно лице сообвинител да бидат поврзани со мене – рече тој алудирајќи на бегството на Никола Груевски.
Со неговата реплика заврши јавната седница за жалбите на Јанакиески и неговиот адвокатски тим по однос на мерката притвор. Апелациониот суд има два дена рок да одлучи по жалбите.