450
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев станува хотелиер, мајка му купила имот од 7.500 м2 до Беровско езеро, открива портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Ова зад мене од лани е имот на Стефан Богоев, екс градоначалникот на Карпош од СДС. Најнеуспешниот во Карпош, градоначалник полн со скандали, а сега ќе стане и хотелиер.
Имот од 7,5 илјади м2 , до езеро, купен лани, на 7ми октомври. 10 дена пред локалните избори. На име на мајката на Стефан Богоев, со намена за хотелски комплекс.
Постапката е почната, фирмата е регистрирана, Стефан Богоев ќе стане хотелиер, тукушто излезе од градоначалничка функција.
Ова почитувани е типичен пример за СДС, за криминалот, за корупцијата и неказнивоста, обвини Стоилковски.