890
Стефан Богоев, претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија официјално ќе биде кандидат за градоначалник во Општина Карпош на претстојните локални избори.
Веста за кандидатурата на Богоев, на социјалната мрежа „Фејсбук“, ја сподели потпретседателот на СДММ Дарко Каевски кој неодамна беше назначен за в.д директор на Агенцијата за млади и спорт.
Инаку, Богоев е пратеник во Собранието и еден од најактивните говорници.