Очниот хирург Дејан Ставриќ доби уште 30 дена притвор, кој денеска му го одреди судија на претходна постапка, по предлог на Основното јавно обвинителство. По апсењето, тој доби осумдневен притвор, кој истекува утре.
Основното јавно обвинителство покрена обвинение против Ставриќ за сторено кривично дело, награда за противзаконско влијание.
Според полицијата, лекарот кога бил вработен на Клиниката за очни болести – Скопје, дијагностицирал болест на очите кај еден од пациентите, за што му рекол дека со таква дијагноза повеќе не ќе можел да работи и дека за износ од 2.000 евра, може да му посредува за добивање инвладиска пензија. Според МВР, пациентот случајот го пријавил во полиција во април годинава.
Доктор Ставриќ на јавноста и е познат по тоа, што го предводеше штрајкот на лекарите скоро 50 дена