392
Министерот за финансии Зоран Ставревски денеска не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја демантира автентичноста на снимките што ги објави опозицискиот лидер Зоран Заев, кои меѓу другото откриваат како тој разговара со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за отфрлување на кривична пријава против него од страна на обвинителството.
– Не би сакал и не би можел да коментирам за автентичноста или за било кој друг аспект за снимки кои се стекнати, креирани и со кои се располага на незаконски начин. И очекувам преку правна завршница институциите да ги разгледаат сите околности и тогаш ќе бидат познати сите факти – рече Ставревски.