Поранешниот министер од Владата на Никола Груевски, Зоран Ставрески во изјава за „Фокус“ вели дека не планира враќање во високата политика.
Тој вчера стана член на работно тело во рамки на ВМРО-ДПМНЕ кое треба да ја мониторира работата на градоначалниците.
Се работи за стручно тело кое треба да координира и да им помага на градоначалниците во реализацијата на капиталните проекти преку совети, размена на искуства и знаење. Ефектот треба да биде поефикасна реализација на ветените проекти за подобрување на животот на граѓаните. Не планирам враќање во високата политика, се враќам во струката и сакам да помогнам со своето знаење, експертиза во финансиската сфера и искуство, вели Ставрески за „Фокус“.
Во работното тело кое ќе биде раководено од Христијан Мицкоски, освен Зоран Ставрески, член е и Оливер Шамбевски.
Откако Ставрески си даде оставка од позицијата вицепремиер и министер за финансии во 2016 година, не беше присутен на политичката сцена.
В.С.
ВМРО-ДПМНЕ за враќањето на Ставрески: Континуирано обединуваме и растеме