ВМРО-ДПМНЕ за враќањето на Ставрески: Континуирано обединуваме и растеме

by fokus

Обединувачкиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ е присутен и истиот ќе продолжи да биде еден од нашите принципи на работа.

Ова е одговорот на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето на „Фокус“ дали враќањето на Зоран Ставрески во партијата е дел од некој нов пристап на обединување на партиските структури во очи на Конгресот.

ВМРО-ДПМНЕ континуирано обединува и расте. Изборниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е закажан за 12.12.2021 година, целиот процес ќе се одвива на демократски начин па сите идни чекори на раководење и делување ќе ги презентираме на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министер од Владата на Никола Груевски и негов тогашен близок соработник, Зоран Ставрески вчера се врати во партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ, откако стана член на на работно тело во рамките на партијата кое ќе ја следи реализацијата на проектите на градоначалнците од нивните редови.

Во работното тело кое ќе биде раководено од Христијан Мицкоски, ќе бидат и Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски.

Откако Ставрески си даде оставка од позицијата вицепремиер и министер за финансии во 2016 година, не беше присутен на политичката сцена.

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости