526
Министерството за финансии од вчера преку оглас бара консултант кој ќе му помогне во поставувањето на слободната финансиска зона на територијата на Македонија. Според огласот ресорот на Зоран Ставрески планира да потроши најмногу 250.000 евра без ДДВ за оваа услуга.
Пратениците вчера го утврдија уставниот амандман кој предвидува создавање на слободни финансиски зони во Македонија, кои според многумина не се ништо друго туку офшор-зони. Министерот за финансии Зоран Ставрески пред неколку дена изјави дека она што ќе се прави во Македонија нема да биде офшор зона, туку повеќе ќе наликува на финансискиот систем во Луксембург.