Ставрески: Првпат имаме вишок приходи во Буџетот

by Фокус

-По прв пат имаме вишок на приходи во буџетот во однос на планираното и тоа треба да се преточи во политики, мерки и активности кои ќе обезбдат искористување на тие средства, а притоа да се задржи стабилноста на буџетската позиција. Имаме за 6 процентни поени повисоки приходи од прокециите за овој период. Од тие причини овој ребаланс се прави на време за тие приходи да се распоредат на расходната страна, изјави денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески, објаснувајќи зошто се прави ребаланс на Буџетот.

Тој дополни дека ќе се издвојат дополнителни 1,2 милијарди денари за повеќе проекти. Дополнителни 370 милиони денари се предвидени за забрзување на изградбата на гасоводот Клечовце – Штип, а дополнителни 377 милиони денари се планирани за изгрдба на водоводи и канализации. Ставрески најави и дека се превидени дополнителни средства за реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

 

Поврзани новости