725
Министерот за финансии Зоран Ставрески соопшти дека од понеделник граѓаните ќе можат да поднесуваат барања за отпис на долговите.
Министерството за финансии денеска го објави јавниот повик до граѓаните за доставување на барања за отпис на долговите.
Корисниците на социјална и постојана парична помош, невработени лица подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години, од понеделник ќе треба да го достават барањето до најблискиот Центар за социјални работи.