Ставрески денеска ќе ја поднесе тужбата против Шилегов

by Фокус 16:06
16:06

Министер за финансии Зоран Ставрески најави дека денеска ќе доставел тужба за клевета  против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, бидејќи, како што се наведува во соопштението на министерството, тој не дал никакви докази дека вицепремиерот е потписник на договорот.

„Измина законскиот рок од 48 часа согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност, за портпаролот Петре Шилегов јавно да му се извини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески за клеветата која јавно ја изрече на 11 и 12 јануари дека Ставрески го потпишал договорот со германската фирма „Лудвиг Фајфер“ за рехабилитација на канализациската мрежа во Прилеп“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

 

- Advertising -

Поврзани новости