Олимпиецот Ставре Јада заедно со 15 други бијатлонци се откажаа од настапите на светските и европските купови поради формирањето на новата Бијатлон федерација, што беше обелоденето пред неколку дена.
Од Светски куп се откажува Ставре Јада, додека пак од ИБУ Куп; Јованоска Викторија, Ана Цветановска, Ана Ангелова, Дарко Крстески, Дарко Дамјановски, Миланчо Крстески, Соте Андреевски и Тони Станоески.
Од ИБУ Јуниор куп се откажуваат Андонаки Костоски, Дејвид Величковски, Давид Торевски, Благоја Најденоски, Петар Чанговски, Евгенија Здравевска и Анамарија Зафировска.
„По моја иницијатива се откажувам од настапот на Светскиот куп во бијатлон поради новоформираната Бијатлон федерација на Македонија. Одлуката ја донесов врз основа на тоа што во моментот јас имам личен тренер, а тоа е Борче Јованоски и не би сакал да одам на натпревари со други тренери“, изјави Ставре Јада за „Фокус“.