Статистиката покажува дека Вирџил Ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиерлигата

by Fokus

Одлични дефанзивци играа во Премиерлигата, но ако се погледне статистиката, таа вели дека капитенот на Ливерпул, Холанѓанецот Вирџил Ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиерлигата.

Ги споредувале статистичките податоци на петте дефанзивци кои важат за најдобри – Англичаните Џон Тери (Челси, Астон Вила) и Рио Фердинанд (Вест Хем, Лидс Јунајтед, Манчестер Јунајтед), Србинот Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед), Белгиецот Винсент Компани (Манчестер Сити) и Вирџил Ван Дајк (Саутемптон, Ливерпул).

Според тие параметри – воздушни дуели, дуели на земја и прецизни додавања – капитенот на Ливерпул е најдобар од сите споменати дефанзивци.

Воздушни дуели:

1 – Вирџил ван Дајк – 75,5%
2 – Немања Видиќ – 73,5%
3 – Џон Тери – 68,8%
4 – Винсент Компани – 68,3%
5 – Рио Фердинанд – 63,9%

Дуели на земја:

1 – Вирџил ван Дајк – 73,5%
2 – Рио Фердинанд – 70,8%
3 – Немања Видиќ – 69,7%
4 – Џон Тери – 68,9%
5 – Винсент Компани – 61,8%

Точни додавања:

1. – Вирџил ван Дајк – 88,8%
2. – Џон Тери – 88,6%
3. – Винсент Компани – 86,7%
4. – Рио Фердинанд – 84,6%
5. – Немања Видиќ – 83,4%.

Поврзани новости