Стартува судењето за уривањето на „Космос“

by fokus

Во Кривичниот суд денеска треба да стартува судењето за предметот „ТНТ“ на СЈО, кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на  Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Во овој предмет обвинети се седум  лица меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

Со новиот годишен распоред предметот „ТНТ“ е распределен кај судијата Огнен Ставрев.

Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ да можат да се користат како докази во судската постапка.

 

 

Поврзани новости