Денеска во Скопје стартува Светското првенство во кадетската репрезентација за жени и ова е прв Мундијал на кој ќе учествуваат 32 земји.
Тие ќе бидат поделени во осум групи со по четири селекции, а во главната фаза место ќе обезбедат најдобрите две од секоја група.
Македонските млади ракометарки во групата Б се заедно со селекциите на Сенегал, Узбекистан и Иран, а нашите ракометарки се фаворити за лидерското место.
Македонија својот прв меч го игра против Сенегал во 20.30 часот во салата „Борис Трајковски“, а освен во оваа, ќе се игра и во големата и малата сала на „Јане Сандански“.
Репрезентативката Бојана Коцева со високо ниво на оптимизам влегува во овие натпревари, со надеж дека поддршката од публиката ќе биде на највисоко ниво.
„Ние сме подготвени за овој предизвик. Верувам во секоја од ракометарките и покажавме дека нашата мала Македонија може да направи чуда. Исто така, очекуваме голема поддршка од публиката“, истакна Коцева за 24 ракомет.
Фото – РФМ