Се урна хеликоптер во Грузија – тргнале да спасуваат параглајдеристи, но загинале

by fokus 10:23
10:23

Хеликоптер на грузиската гранична полиција се урна откако изгуби контрола за време на спасувачка операција во зимски центар на северот на земјата, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи.

Хеликоптерот превезувал спасувачи од итната служба кои биле повикани да им помогнат на параглајдеристи кои претходно паднале во провалија.

Министерството соопшти дека во хеликоптерот во моментот на несреќата имало осум лица, а министерот за внатрешни работи Вахтанг Гомелаури потврди дека сите загинале

Поврзани новости