Стартува новиот распоред во Кривичниот суд, предмети од СЈО одат кај нови судии

by Фокус

Судиите во Кривичниот суд од денеска ќе работат по новиот распоред што го изготви претседателот Иван Џолев, според кој поголем дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство одат кај нови судии. Еден од нив е случајот за насилството во Центар, каде обвинет е експремиерот Никола Груевски. Овој предмет го судеше Татјана Михајлова, која од денеска е предместена во друго одделение.

Според новиот распоред, во Одделението за организиран криминал од денеска се судиите Огнен Ставрев, Добрила Кацарска, Владимир Туфегиќ, Џенета Бектовиќ, Горан Бошевски, Васка Николовска Масевска, Дарко Тодоровски, Осман Шабани и Софче Гаврилова Ефремова.

Понатаму, судии на претходна постапка во Одделението за организиран криминал се Сеат Рецепагиќ, Весна Димишкова и Ненад Савески.

Кривичните совети, пак, ќе ги водат судиите Илија Трпков и Гордана Спиревска, а членови се Даниела Алексовска, Александра Ристеска, Марија Клетничка-Марковска и Славица Наумова – Јосифовска.

На листата на судии кои ќе судат во Одделот за Кривично-полнолетни се судиите Софија Лаличиќ, Ленка Давиткова, Елена Илиевска-Јосифовиќ, Лидија Зимбовска, Љубинка Башеска, Славица Андреевска, Душан Јосифов, Илија Трпков, Ѓоко Ристов…

Со новиот распоред на претходна постапка се распоредени Сандра Крстиќ, Даниела Димовска и Васил Динковски, а на извршување на санкции се Пајазит Пајазити и Александар Милошевски.

Сообраќајни прекршоци ќе судат Татјана Михајловска, Владимир Панчевски, Марјан Грубиша, Весна Тагасовска, Хамдирефет Бафтијари, Сулејман Мемети и Верка Петковска.

Предмети кои се однесуваат за нарушувања на јавен ред и мир пак ќе судат судиите Насер Хаџиахметагиќ, Весна Костова Спасеска и Моника Бахчованска, додека Јане Тапанџиовски, Весна Миткова и Лидија Петровска ќе судат прекршоци од стопанството.

 

Поврзани новости