Дури 24 македонски фирми се регистрирани на истата адреса во Ќустендил, на која е регистрирана фирмата „Беса Транс“ за која претходно бугарските медиуми објавија дека е сопственик на македонскиот автобус, кој изгоре утрово на патот Струма, пренесува btvnovinite.bgbtvnovinite.bg, повикувајки се од податоци во трговскиот регистер на Бугарија.
Новинарска екипа се упатила на адресата, на која се наоѓала станбена зграда, а во станот, што е посочен како адреса живеела стара и болна жена.
Таа изјавила дека нејзиниот син пред 10 години работел во некоја од фирмите и дека од тогаш немале никаква врска.
Според информациите коишто можат да се најдат на македонската бизнис мрежа пак седиштетото на компанијата е во Рашче, во скопската општина Сарај, а сопственик на компанијата е извесен Беким Хаџиу, засега е непознато како двете фирми се поврзани.
Агенцијата има подружници во скопски Чаир, Рашче и Центар и според финансиските податоци не енекоја профитабилна агенција.
Од она што може да се види пак на нивната Фејсбук страница, агенцијата има понуди за Истанбул, Кападокија, Турција.