Директорот на Судска медицина, Александар Станков во интервју за емисијата Топ тема вели дека тој не се сомнева во работата и резултатите од ДНК анализите кои ги прават бугарските колеги, иако на почетокот бил разочаран и лут.
Јас не се сомневам во работата и резулатите од нашите бугарски колеги. Ние присуствуваме на одреден дел од обдукциите, не на сите. Видовме како се работи, како се зема материјал за ДНК. Јас во прв момент бев стварно разочаран и налутен. Но, за тоа не се криви нашите колеги, туку нивното обвинитлеството кое за жал не ги познава протоколите на Интерпол во случаи со масовен број на жртви. ДНК применорците се земаа сосема коректно и мислам дека многу брзо ќе се заврши споредбата и нашите граѓани ќе бидат вратени во државата, вели Станков.
Тој додава дека пред да завршат обдукциите не можете да зборувате ниту за причините за смртта, ниту за број на тела.
Ме чуди што обвинителството излегува со децидни изјави уште пред да заврши истрагата. Во несреќи каде има опожарени тела, може да зборите за минимален број на жртви. Ние имавме прво 44, па потоа беше пронајдено уште едно тело.
Пред да завршат обдукциите не можете да зборувате ниту за причините за смртта, ниту за број на тела. Може евентуално да се повикате на минимален број на жртви. Мислам дека треба почекаме да завршат ДНК анализите, да знаеме кој е точниот број на жртви и причината за смртта, смета Станков.