Станков: Има вештаци кои пишуваат лаги и глупости

Вештак дури и самиот има напишано „ме натераа да напишам тешка телесна повреда“, вели за Фокус директорот на Институтот за судска медицина.

by Фокус

Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, во интервју за најновиот број на неделникот Фокус говори за трагичната несреќа во Бугарија, за искуствата со слични несреќи, но и за проблемите со вештачењата и на други теми.

Дефинитивно има и вештаци што ја злоупотребуваат својата положба и пишуваат невистини, нелогични работи, па дури и глупости, само да бидат спротивни на основното вештачење на обвинителот. И тие треба да бидат казнети. За жал, кај нас веќе неколку години не функционира Комората на вештаци и не може да се избере ново раководство, бидејќи мандатот  на членовите на Управниот одбор и на другите тела им е одамна изминат – вели Станков во интервјуто.

ФОКУС: Имало ли вештачења од кои сте се срамеле?

СТАНКОВ: Во мојата 23-годишна пракса, имам видено секакви глупости. Постои вештак кој се појавува во многу предмети, а во едно од вештачењето, дури и самиот има напишано „ме натераа да напишам тешка телесна повреда“. Вештак, кој трипати го менува мислењето и никому ништо. Тоа не само што е срамота, туку фрустрира. Тие луѓе и понатаму вештачат и решаваат туѓи судбини, а не им фали ниту влакно од главата.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Гордана Дувњак

Поврзани новости