380
Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија, но од таму како најголема закана за македонската економија ја гледаат политичката криза.
Од таму сметаат дека дека политичката ситуација станала уште покомплицирана по спроведувањето на изборите во декември 2016, па, според нив, дури и да се формира влада, таа нема да биде стабилна и нема да може да биде носител на реформски процеси.
Инаку, од кредитната агенција, сепак, оценуваат дека во економијата има позитивни трендови и изразуваат очекувања невработеноста ќе продолжи да опаѓа, а носител на економскиот раст, велат од таму, ќе бидат слободните економски зони.