СДСМ: Никој да не ги злоупотребува учениците за протести

by Фокус

СДСМ ги поддржа родителите кои остро се спротивставуваат на злоуопотребите на нивните деца за протести и порачуваат дека по промената на власта ќе се соочат со одговорност оние кои учествувале во притисоците врз ученици.

„Никој нема право да принудува деца да бојкотираат настава за да одат на националистички протести на кои се шири етничка омраза. Ниту пак е дозволиво да не ги заштити децата, независно дали се работи за раководство на училишта, на општини или надлежни органи што имаат должност да реагираат“, велат од СДСМ.

Од таму посочуваат дека поднесени се кривични пријави против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, и против директор на прилепското средно индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“, Жарко Темелкоски.

Поврзани новости